Новости
вторник, 12 јули 2016 16:11
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми денес оствари средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, г. Мартин Безак.
Вицепремиерот на средбата упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Република Словачка и посака успешно спроведување на програмата. очекувајќи дека поддршката на Словачка за евро-атлантската интеграција на Македонија, билатерално и во рамките на Вишеградската група, ќе биде потврдена и за време на претседателството, како и на претстојниот самит на НАТО во Варшава.
На средбата се разговараше за евро-атланстката перспектива на земјата, како и за актуелната политичка состојба, притоа истакнувајќи дека главниот фокус на сите чинители треба да биде посветување на разрешувањето на политичките предизвици, но и интензивното спроведување на Итните реформски приоритети.
Вицепремиерот Адеми изрази надеж за продолжување и продлабочување на соработка меѓу двете земји, со оглед на високиот приоритет на агендата на словачкото претседателство за продолжување на политиката на проширување независно од настаните во Унијата.