Новости
петок, 22 јуни 2018 11:57
Денеска, во
просториите на Секретаријатот за европски прашања беше организиран работен
состанок на кој беа разгледувани сугестиите, коментарите и забелешките за нацрт
Планот 18.
На почетокот од
средбата свое обраќање имаше и Заменик Претседателот на Владата задолжен за
европски прашања, Бујар Османи, кој изрази благодарност на граѓанскиот
организации за нивниот труд и ангажман, преку кој суштински се подобрува
квалитетот на реформскиот План на владата.
Во рамките на трите панели на денешниот работен состанок претставниците на граѓанското општество и ресорните институции заеднички ги дискутираа и усогласуваа доставените коментари и предлози за клучните области: реформа на правосудството и борба против корупцијата, реформа на безбедносните и разузнавачките служби и реформата на јавната администрација и доброто управување кои се дел од новиот реформски План 18 пред неговото финално усвојување.
Драфт
верзијата на Планот 18, на почетокот од овој месец беше презентирана пред
невладините организации, експертската јавност, претставниците на Делегацијата
на Европската Унија во Македонија, дел од администрацијата во Брисел, како и
пред опозицијата. Изминатиов период во Секретаријатот за европски прашања
пристигнуваат бројни сугестии, коментари и забелешки, чие усогласување е во
тек, по што ќе следи и усвојување на планот.