Новости
понеделник, 03 октомври 2016 15:57
Државниот секретар за европски прашања Ана Блажеска оствари работна средба со амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н.Е. Павел Гиерински.
На средбата тие разговараа за текот на пристапниот процес на Република Македонија и спроведувањето на Итните реформски приоритети, а се осврнаа и на актуелната политичко- економска состојба во земјава. Блажеска и Гиерински дискутираа и за состојбите поврзани со мигрантската криза, особено во овој период и очекуваното движење на мигрантите во периодот што следи. Притоа беше истакната и помошта која ја доби Република Македонија при справувањето со мигрантската криза од донатори и од домашни и странски организации кои на лице место даваа свој придонес.
Државниот секретар Блажеска и амбасадорот Гиерински разговараа и за можностита за остварување соработка со организацијата „Редот на Малта“ во претстојниот период, во рамките на хуманитарните активности на организацијата.
„Суверениот воен болнички ред на Свети Јован од Ерусалим, Родос и Малта“, познат како „Редот на Малта“ е организација за хуманитарна доброволна помош и прва помош која работи во рамките на „Суверениот воен ред на Малта“ со седиште во Италија.