Новости
петок, 15 јули 2016 15:19
Активностите кои се преземаат за реализација на Итните реформски приоритети во областите во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а кои се поврзани со процесот на европска интеграција, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) беа тема на денешниот трет по ред координативен работен состанок на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи г-дин Никола Попоски со Министерот за внатрешни работи г-дин Митко Чавков.
За време на состанокот соговорниците посебно се осврнаа на препораките за реформа на системот за следење на комуникации како и на активностите кои се преземаат за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Денешниот состанок е дел од циклусот, ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. На овој состанок му претходеа состаноци со Министерството за информатичко општество и јавна администрација и Министерството за правда.