Новости
понеделник, 27 јуни 2016 13:13
Денеска 27.06.2016 година во просториите на ЕУ Инфо Центарот се одржа церемонија по повод преземањето на претседателството со Вишеградската група од страна на Република Полска на која се обрати и Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања др. Арбр Адеми.
На почетокот вицепремиерот Адеми и го честита на Република Полска преземањето на претседателството со Вишеградската група со желби за успешна реализација на програмата.
Земјите од Вишеградската група се добар пример за соработка кој може да се примени во случај на земјите од Западен Балкан, особено ако се има предвид дека сите делиме иста визија – членство во ЕУ- истакна Адеми и изрази благодарност за континуираната поддршка на Вишеградската група за ЕУ преспективата на нашата земја .