Новости
среда, 22 јуни 2016 15:48
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми заедно со германскиот амбасадор Н.Е. г-ѓа Кристине Алтхаузер присуствуваа на свеченото затварање на успешно спроведениот проект „Поддршка на Секретаријатот за европски прашања“ од страна на Германската агенција за меѓународна соработка- ГИЗ и Секретаријатот за европски прашања.
Во своето обраќање ЗПВРМ Адеми ја истакна важноста на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија, како и поддршката од германската влада во спроведувањето на неопходните реформи за продолжување на евро-атлантски пат, останува наша стратешка цел.
Секретаријатот за европски прашања како главно координативно тело на Владата на република Македонија, во последните две децении, постојано ја имаше поддршката од Германија во процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ и имплементација на потребните реформи како за земјата така и за нејзиното пристапување кон европското семејство.“ рече Адеми.
Овој проект траеше три години и во текот на неговото спроведување беа реализирани над 40 активности, во кои преку работилници, обуки и презентации учествуваа околу 1600 лица, а беа издадени низа студии и публикации за потребите на Секретаријатот и други државни институции.