Новости
вторник, 21 јуни 2016 16:08
Денес во Секретаријатот за европски прашања беше одржан состанок на Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Ана Блажеска и висока делегација од Франција предводена од г-ѓа Мари-Рен Фишер, Регионален советник и потпретседател на регионот Алзас.
На состанокот беа разгледани можностите за соработка помеѓу Република Македонија и регионот Алзас во насока на размена на искуства и соработка во областите на туризмот, економијата, конкурентноста, производство и извоз на вино и иновации. Регионот Алзас е првиот регион во Франција кој има користено поддршка од европските фондови и има стекнато огромно искуство во таа област кое можат да го споделат со земјава за унапредување на користењето на европската помош.
Како дел од делегацијата, на состанокот присуствуваше и француската амбасадорка во Македонија, НЕ Лоренс Оер, заедно со директорот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, господинот Филип Шукрун, г. Жерар Стедел, претседател на Меѓународната унија на Алзашаните и Директор на претставништвото на „Crédit Mutuel” во Германија, г. Жак Шлеф, претседател на Здружението Алзас-Македонија и г. Бертран Мије, Советник во СЕП.
Високата француска делегација престојува во Македонија од 19 до 22 јуни 2016 година. Целта на посетата е промоција на Алзашкиот регион и унапредување на економската соработка.