Новости
четврток, 16 јуни 2016 15:08
Денес, 16.6.2016 година, се одржа единаесеттиот по ред Секторски мониторинг комитет за ИПА компонента I- помош при транзиција и институционално зајакнување. Копретседавачи на состанокот беа Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми и г. Дејвид Кулен од Генералниот директорат на за соседство и преговори за проширување во Европската комисија.
На состанокот се разговараше за напредокот во реализацијата на проектите во рамките на оваа компонента. Исто така се одржаа и основачките состаноци за Секторскиот мониторинг комитет за владеење на правото и ИПА мониторинг комитетот во рамките на ИПА 2. На овие два состаноци копретседаваа Државниот секретар за европски прашања г-ѓа Ана Блажеска и г. Дејвид Кулен од Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување.
Рамката за состаноци која што е воспоставена денес ќе се спроведува во следните години и ќе обезбеди поддршка за процесот на донесување на одлуки за ефикасно и ефективно спроведување на европските фондови во Република Македонија.