Новости
среда, 15 јуни 2016 13:39
Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европска Унија се одржа на 15 јуни 2016 година, во Скопје го одржа својот тринаесетти по ред работен состанок.
Состанокот од наша страна го претседаваше Ана Блажеска, Државен секретар во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија a Дејвид Кулен, раководител на одделение за Република Македонија во Директорат за проширување и соседска политика претседаваше од страната на Европската Комисија.
Состанокот на Комитетот за стабилизација и Асоцијација го заокружи циклусот на седум секторски поткомитети во рамките на Процесот на стабилизација и асоцијација почнувајќи од февруари 2016 година. Резултатите од одржаниот состанок на Комитетот, ќе бидат презентирани во рамките на Советот за стабилизација и асоцијација, кој ќе се одржи на во јули 2016 година.
Комитетот за стабилизација и асоцијација се осврна на степенот на исполнување на политичките и економските критериуми во изминатиот период, како и степенот на имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација.
Претставниците на Република Македонија ја потврдија посветеноста на процесот на европска интеграција како клучен стратешки приоритет на земјата и се заложија да покажат конкретен напредок во спроведувањето на обврските од ЕУ агендата особено во областите на Итните реформски приоритети. Во овој контекст за време на состанокот се направи краток осврт на клучните настани и планирани активности во однос на политичките и економските критериуми.
Состанокот се одржа токму на време и претставува корисна подготовка за претстојниот Совет за стабилизација и Асоцијација.