Новости
вторник, 12 ноември 2024 02:50
На 11ти и 12ти ноември 2024 година се одржaа ТАИЕКС информативни денови во Центарот за обука на Министерство за европски прашања. Вообичаено, овој настан го организираме на годишно ниво, а истиот е наменет за запознавање на институциите во однос на користењето на овој извонредно ефикасен инструмент.
Учесници на настанот беа ТАИЕКС контакт точките по министерствата, органите во состав, и други јавни и државни институции како и за заинтересираните служби во нивните институции од државната и јавната администрација на централно ниво.
Настанот беше организиран во соработка меѓу Министерството за европски прашања – во рамки на кое работи националната контакт точка за ТАИЕКС, Делегацијата на Европската унија во РС Македонија, и службата ТАИЕКС од Брисел. Оваа година во информативни деновите учествуваше и г. Роберто Мантеро, надлежниот службеник за МКД во рамки на службата ТАИЕКС Брисел.
Годинава пристапот беше поинаков, со тоа што се определивме да ги организираме информативните денови во две сесии поделени по кластери, со цел да можеме да обезбедиме насочена дискусија и информации кои што треба да стигнат до што е можно поголем број луѓе.
На настанот учествува 50 административци, кои имаа можност, да ги слушнат состојбите со имплементацијата на ТАИЕКС инструмент, појаснувања за негово користење, воспоставената процедура, начинот и фазите за аплицирање и спроведување на трите модалитети: експертска мисија, работилница и/или студиска посета. Воедно, стана збор за поттикнување на поинтензивен фокус при користење на инструментот во светло на наодите, препораките или предвидените активности кои произлегуваат од годишниот извештај на ЕК, Планот за раст и Реформската агенда.