Новости
понеделник, 11 ноември 2024 01:12
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Тирана оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани. Оваа средба ја рефлектира зајакнатата билатерална посветеност за напредување на интегративниот пат кон ЕУ на двете пријателски земји.
Министрите Муртезани и Хасани го реафирмираа традиционалното пријателство и блиските билатерални односи и разговараа за интензивирање на дипломатските врски и зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда.
Тие ја нагласија важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката решеност на Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат потребните реформи кои се во согласност со европските стандарди. Министерот Муртезани посочи дека соработката на реформските агенди преку развивање заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и интензивирање на реформските процеси за двете земји.