Новости
среда, 12 октомври 2022 03:45
Со интензивната агенда на објаснувачкиот скрининг која продолжува во Брисел, попладневната сесија беше проследена со презентации за Поглавјето 6 - Право за трговски друштва, кое претставува едно од најважните поглавја што го регулира единствениот пазар на Европската унија и во исто време промовира транспарентна законска регулатива за компаниите и спречува злоупотреби на пазарот.
Единствениот пазар на ЕУ се состои со повеќе од 23 милиони ентитети (компании) и потенцијален пазар од 445 милиони потрошувачи.
Дигитализацијата на услугите останува приоритет за ЕУ, затоа Европската Унија го пушти во употреба BRIS - Систем за интерконекција на бизнис регистри кој обезбедува пристап до информации за компаниите од ЕУ и преку оваа електронска платформа компаниите можат меѓу себе да комуницираат брзо и безбедно.
Северна Македонија спроведе низа реформи, со посебен фокус на поттикнување на ефикасноста и конкуренцијата, унапредување на прекуграничната соработка помеѓу компаниите, како и усогласување на законот за трговски друштва и корпоративно управување согласно директивите и регулативите на Европската Унија.
Министерството за финансии подготви нов закон за ревизија, кој е усогласен со директивите и регулативите на Европската унија и истиот наскоро ќе биде одобрен во собраниска процедура.
Новиот закон за финансиски сметководствени услуги усвоен во август 2022 година е целосно усогласен и прилагоден со директивите на ЕУ.