Новости
вторник, 30 август 2022 12:13
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Клеменс Која.
-Голема благодарност за целокупниот ангажман и личната посветеност во текот на мандатот на амбасадорот на ОБСЕ, Н.Е. Клеменс Која. Вашите заложби и реализирани активности во овој период ќе останат вградени во успешното спроведување на демократските и европските реформски процеси на Република Северна Македонија, рече вицепремиерот Маричиќ, посакувајќи му успех на Која во неговиот понатамошен ангажман.
Вицепремиерот Маричиќ на средбата истакна дека реализацијата на програмските цели на Мисијата на ОБСЕ во земјава придонесе значително во исполнувањето на национални стратешки цели- членство во ЕУ и НАТО, а ќе продолжи да биде вклучен и да дава силна експертска поддршка во процесите на реформи. Според Маричиќ, продолжувањето на поддршката од страна на ОБСЕ ќе биде од голема корист за институциите особено во овој период кога земјата започнува со скрининг процесот, а воедно се подготвува и за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.