Новости
недела, 28 август 2022 08:29
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вели дека благодарение на континуираната поддршка од европските фондови, која ја добиваат нашите земјоделци, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот.
- Европската комисија веќе ја усвои програмата за ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра, европски средства кои ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура, пишува на својот Фејсбук профил вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ.
Во пресрет на одржувањето на Саемот за вино, храна и туризам, во рамки на „Отворен Балкан“ од 1 до 4 септември во Белград, каде ќе може да се вкусат и искусат автентичните македонски вина и храна, вицепремиерот Маричиќ вели дека виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија, која е најзначаен партнер во трговијата со земјоделско-прехранбени производи на Северна Македонија
Вицепремиерот Маричиќ ги наброја придобивките од членството на Северна Македонија во Европската Унија, во областа на вино и храна, и што ќе им овозможи пристапувањето во Унијата на македонските земјоделци.
„Со членството во Европската Унија, во областа на вино и храна, ќе се овозможи: