ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
ИПА 2007 - 2013
Инструмент за претпристапна помош – ИПА (2007-2013)

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи на Унијата. ИПА, како и останатите елементи од тој пакет, претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на постапките на Комисијата и подобрување на кохерентноста и координираноста во активностите на Комисијата.

Основната цел при креирањето на ИПА беше да се осовремени целокупната претпристапна помош, под една единствена рамка, како и да се обединат под иста регулатива земјите кандидатки за членство (Хрватска, Турција, и Македонија) и земјите потенцијални кандидатки за членство (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора).

Со ова, ИПА ги замени дотогашните инструменти: Помош за Полска и Унгарија за економска реконструкција (Фаре), Претпристапен Инструмент за структурни политики (ИСПА), Специјалната претпристапна програма за земјоделство и рурален развој (САПАРД) и Претпристапниот инструмент за Турција, како и Помошта на Заедницата за реконструкција, развој и стабилност (КАРДС).

Правната рамка за ИПА е дефинирана во Регулативата (EЗ) бр. 1085/2006 на Советот, од 17 јули 2006 година, која го воспостави Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во обид да се подобри ефикасноста на надворешната помош од страна на Заедницата. Со цел подетално регулирање на процесот на спроведување на ИПА, изготвена е една единствена спроведувачка регулатива (со опфат врз сите пет компоненти од ИПА, имајќи ги во вид одделните својства на поединечните ИПА компоненти), Регулативата (ЕЗ) бр. 718/2007 од 12 јуни 2007 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1085/2006 на Советот, за воспоставување Инструмент за претпристапна помош (ИПА).

Спроведувањето на ИПА подразбира Комисијата и земјите кориснички да потпишат рамковни спогодби (РС/FА) со цел да ги утврдат начелата на нивната соработка според оваа регулатива. РМ и ЕК потпишаа рамковна спогодба, која е, исто така, ратификувана од Собранието на РМ на 30 јануари 2008 година, а стапи во сила на 4 март 2008 година – и тоа за првите четири ИПА Компоненти.

ИПА е сочинета од следниве 5 компоненти:

Компонента I - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента II – Прекугранична соработка
Компонента III – Регионален развој
Компонента IV – Развој на човечки ресурси
Компонента V – Рурален развој

Основните документи се групирани на следниот начин:

  1. Рамковна спогодба
  2. Регулатива
  3. Повеќе-годишна индикативна финансиска рамка (MIFF)
  4. Повеќе-годишен индикативен документ за планирање (MIPD) Национален
  5. Повеќе-годишен индикативен документ за планирање (MIPD) повеќе-корснички
  6. Стратешка кохерентна рамка за III-та и IV-та компонента
  7. Прирачници
  8. PRAG

 

За дополнителни информации од Директоратот за сосетска политика и проширување
http://ec.europa.eu/enlargement/instruments/funding-by-country/former-yugoslav-republic-of-macedonia/index_en.htm

Лица за контакт во Секторот за Координација на ЕУ фондови и друга странска помош (НИПАК Секретаријат):


Орхидеја Каљошевска
Државен Советник
02/3200 139
Orhideja.Kaljosevska@sep.gov.mk

Арлинда Беќири
Помошник раководител на Секторот
02/3200 262
arlinda.beqiri@sер.gov.mk


Раководител на одделение за програмирање на европски фондови

 

Евгенија Серафимовска Кирковски
Раководител на одделение за следење и евалуирање на европски програми
02/3200 112
Evgenija.Serafimovska@sep.gov.mk

Сподели ја содржината!
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.