Новости
среда, 16 август 2017 12:04
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба меѓу Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Амбасадорот на САД, Џес Бејли.
Вицепремиерот Османи на средбата се осврна на реформските приоритети на Владата содржани во Планот 3-6-9, презентиран пред два дена, во кој се преточени обврските кои Владата ги презеде пред европските партнери. Обврски за реформи кои треба да ги откочат евроинтегративните процеси во државава и кои се суштинска потреба на нашето општество. Тој посочи дека спроведувањето на Итните реформски приоритети и регионалната соработка за интеграција во ЕУ се двете паралелни траектории по кои се движи работата на новата Влада,.
„Не е лесно да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото и да се убедат меѓународните партнери за нашата искрена намера да се вратиме на правиот пат. Но за нас не постои друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО и поради тоа е исклучително важно да бидеме упорни. На тој пат, вашата поддршка за нашата европска и евро-атлантска интеграција, како и меѓусебно пријателство, се од исклучително значење“-рече Османи.
Османи исто така ја истакна и потребната внатрешна кохезија која нуди целосна имплементација на Охрискиот рамковен договор со соодветна динамика која нема да ја наруши позитивната социјална средина.
На крајот од средбата двајцата изразија очекување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се одвива успешно и во наредниот период, а САД останува и понатаму стратешки партнер на земјата и земја - поддржувач на процесот на евроатлантските интеграции на Македонија.