Новости
среда, 16 август 2017 11:53
Денес,во текот на посетата на Комесарот Хан имавме можност уште еднаш да го потврдиме ставот дека Македонија останува посветена на евроинтегративниот процес.
Во текот на билатералната средба помеѓу двете делегации предводени од Комесарот Хан и Премиерот Заев како и на владината тематска седница со сите членови на Влада имавме можност да го информираме и дискутираме со комесарот за нашите планови, динамика и начин на кој ќе ги спроведуваме итните реформски приоритети.
Правецот на реформите е јасен, динамиката ќе зависи од нашите капацитети како и од поддршката на нашите Евро-Атлантски партнери.
Новата клима на интерес на ЕУ за Западниот Балкан е шанса што не смееме да ја пропуштиме!