Новости
среда, 16 август 2017 11:44
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба помеѓу Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и словачкиот Амбасадор, Мартин Безак.
Вицепремиерот Османи ја истакна важноста на билатералната поддршка како и поддршката на Република Словачка во рамките на Вишеградската група за евроатлантската интеграција на Македонија. „Очекувам во претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирањето на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидјеки Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури“. –рече Османи.
Османи нагласи дека долгата политичка криза во земјата влијаеше на сите сегменти од општеството вклучувајќи го и темпото на реформите за ЕУ. Тој посочи дека должност е на Владата да се фокусира на повторно градење на позитивниот имиџ на државата како и враќање на демократијата и владеењето на правото.
Двајцата соговорници се согласија дека треба да се искористи новиот моментум и Владата да се фокусира на реално остварливи цели кои ќе дадат конкретни резултати во процесот на европска интеграција.