Новости
среда, 13 јули 2016 17:00
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи г-дин Никола Попоски, денес го одржаа вториот работен ЕУ координативен состанок со министерот за правда г. Валдет Џафери.
На состанокот се дискутираа активностите кои се преземаат во областите на судството и борбата против корупцијата, а се поврзани со процесот на европска интеграција, односно Итните реформски приоритети, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Овој втор состанок е дел од циклусот, ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. Овие средби ќе продолжат во наредниот период и со други релевантни институции.