Новости
вторник, 12 јули 2016 15:46
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи г-дин Никола Попоски, денес одржаа работен ЕУ координативен состанок со министерот за информатичко општество и администрација г-ѓа Марта Арсовска Томовска.
На состанокот се дискутираа активностите кои се преземаат во областите во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација, а се поврзани со процесот на европска интеграција, односно Итните реформски приоритети, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА). За време на средбата посебен фокус беше ставен на активностите во делот на реформата на јавна администрација и слобода на изразување и медиуми.
Состанокот се одржа во рамките на циклусот, ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. Средбите ќе продолжат во наредниот период и со други релевантни институции.