Новости
понеделник, 05 декември 2022 06:36
Денес во Брисел, пред претставниците на Европската комисија, Државната секретарка во СЕП и Заменик главен преговарач со ЕУ Дрита Абдиу-Халили заедно со Министерот за финансии, г. Фатмир Бесими ја отворија билатералната скрининг сесија за областа економски критериуми. Ова е многу важен момент за Северна Македонија но и за Европската комисија, бидејќи економските критериуми се дел од новата методологија за членство во ЕУ и како такви за првпат се претставени во агендата на преговорите за членство.
Претставници од различни институции како што се: Владата, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Народната банка, Министерството за информатичко општество и администрација, Фондот за иновации и Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе го презентираат за економското управување и националното законодавство за оваа област, што е всушност суштината на економските критериуми.
Во последните 3 години, економијата на нашата земја помина неколку глобални економски предизвици. Пандемијата Ковид 19, енергетската криза, инфлацијата и војната во Украина имаа директно влијание врз проектираниот економски развој.
Северна Македонија е целосно посветена да работи заедно со Европската комисија и другите европски институции и тела за изградба на функционална пазарна економија, способна да се соочи со предизвиците на времето со цел да се интегрира во внатрешниот пазар на Европската Унија. И покрај овие предизвици, Владата продолжи со напорите за справување со кризата преку спроведување на политики и стимулирачки инструменти како и спроведување на неопходните реформи.