Новости
понеделник, 19 октомври 2020 12:54
Билатералните односи, европската интеграција на Северна Македонија, како и исполнувањето на европската реформска агенда беа темите на кои денеска разговараа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс.
Вицепремиерот Димитров посочи дека унгарската поддршка за евроинтеграциите на регионот, како и целокупната помош во политичка, економска и развојна смисла за нашата земја е значајна и во овој период.
ЗПВ Димитров: „Благодарни сме за конкретната поддршка со унгарски експерти во функција на зајакнување на нашите административни капацитети како неопходност поврзана со почетокот на преговорите со Унијата“.
Соговорниците се осврнаа и на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија, за кој што се согласија дека претставува потврда за нашата посветеност на реформите и валоризација на напорите во контекст на новото поглавје од пристапниот процес - отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија до крајот на годината.