Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров денес имаше средба и со хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ на која што беа разгледани можностите за проширување на соработката преку иницирање на заеднички напори за дизајнирање и реализација на проекти во рамките на различните финансиски инструменти на ЕУ.
ЗПВ Димитров: „Хрватска се смета за еден од партнерите со огромен потенцијал за развој на билатералната проектна соработка, со фокус на пристапните преговори. Знаењето и вештините кои што ги добиваме од хрватските експерти се особено корисни за јакнење на нашите капацитети за пренесување на европските стандарди и практики дома“.
Димитров ја истакна важноста на Хрватска за нашата европска агенда, потенцирајќи го историскиот двоен момент – првото хрватско претседавање со ЕУ во чии рамки се донесе одлуката за почеток на преговори на Северна Македонија со Унијата.