Новости
понеделник, 28 мај 2018 16:01
Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања стажанти од Германија, Холандија Велика Британија и Португалија кои работат во европската служба за надворешни работи со седиште во Брисел , заедно со претставници од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, остварија средба со Драган Тилев, Шеф на Кабинет и државен советник за европски прашања.
Стажантите беа запознаени со работата на Секретаријатот како институција задолжена за координација евроинтегративниот процес на Македонија, за односите на Македонија со Европската Унија, за реформските приоритети во клучните области, предизвиците со кои се соочува нашата земја на патот кон ЕУ како и за очекувањата од јунскиот состанок на Европскиот Совет за почеток на преговори како и подготвеноста на Секретаријатот за европски прашања како и целата администрација за евентуалниот почеток на преговорите.
Стажантите се во посета на Македонија како дел од нивната посета на земјите од Западен Балкан со цел размена на информации, запознавање на состојбите и актуелните случувања во земјите од регионот како и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон ЕУ.