ИПА 2014 - 2020
четврток, 12 ноември 2020 12:07
Отворен е повикот за проекти преку ИПА програмата за меѓугранична соработка
Третиот повик за проекти преку ИПА пограмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во периодот за 2014-2020 е отворен.
Реони кои се вклучени во Програмата се:
- Во Република Северна Македонија: регионите Пелагонија, Полог, Југозапад
- Во Република Албанија: регионите Дибра, Елбасан, Корча
Потенцијалните апликанти се охрабруваат електронски да ги поднесат своите апликации за Програмата. Онлајн поднесувањето преку PROSPECT е задолжително за овој повик за понуди до 15/02/2021. Повикот ќе биде отворен за следните тематски приоритети за Програмата:
- Приоритет 1: Унапредување на туризам, културно и природно наследство
- Приоритет 2: Зајакнување на конкурентност, бизнис, трговија и инвестиции
- Приоритет 3: Заштита на животната средина, промовирање на адаптација на климатски промени и миграција, превенција на ризик и менаџмент.
Износот распределен за третиот повик за проекти изнесува 4,930,000.00 евра, финансии од ЕУ.
Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија и ЗТС Струга ќе организираат 4 информативни сесии преку ZOOM, со цел да понуди детални информации и совети за подготовката и пиднесувањето на апликации.
Повеќе информации се достапни на следниот линк: