Новости
четврток, 17 октомври 2024 12:00
Заменик министерка за европски прашања Викторија Трајков за време на посетата во Брисел се сретна со Беатрис Гораванчи, новата директорка на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Брисел.
Заменик министерката за европски прашања упати огромна благодарност за досегашната соработка со фондацијата која е на одлично ниво и е од особено значење за нас како земја, размената на искуства и знаење во престојниот период.
„Заеднички се согласивме дека интензивирањето на соработката е клучно за напредокот на Македонија во интегративните процеси, потенцираше Трајков, по завршување на состанокот.