ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Твининг
Основни начела и принципи на твинингот

Твининг инструментот се базира на неколку основни начела и принципи кои твининг партнерите мора да ги имаат во предвид при подготовката и реализацијатана одделните проекти:

  • Државата корисник (Beneficiary Country) на твинингот ја избира државата членка на ЕУ која би и била партнер во имплементацијата на проектот;
  • Твининг проектите мора да имаат за цел постигнување на конкретен и оперативен резултат во смисла, државата корисник да исполни одредени барања (обврски) поврзани со aquis communautaire или со дадени политики на ЕУ;
  • Твининг партнерите се обврзуваат кон постигнување на даден(и) задолжителн(и) резултат(и), (mandatory results) и како резултат на таквата нивна определба по завршувањето на проектот мора да функционира нов или реформиран систем под целосна одговорност на државата корисник;
  • Твинингот е заеднички проект од донаторска природа. Тој не е само еднонасочно обезбедување на експертска помош од државата членка на државата корисник, туку претставува заеднички потфат кој опфаќа блиска соработка и партнерство во кој државата членка се обврзува за превземање и финасирање на соодветните активности, а државата корисник на обезбедување на целосна поддршка на истите за времетраењето на проектот;
  • За зацврстување на кредибилитетот на своите обврски, твининг партнерите подготвуваат детален Твининг работен план пред започнувањето на проектот во кој се предвидуваат сите твининг активности, резултатите и целите кои треба да се постигнат со нив, како и референтни вредности (benchmarks) за следење на прогресот на проектот кон постигнување на крајната цел;
  • Целта на твинингот не е да се превземе административниот систем на дадена држава членка, туку да се воведат и практично да се применуваат најдобрите ЕУ практики поврзани со европското законодавство кои најмногу одговараат на потребите и приликите во конкретната држава корисник;
  • Со завршувањето на проектот, државата корисник треба да има значително подобрена организација, способна за правилно исполнување на своите обврски и цели поврзани со ЕУ законодавството или со релевантната област на соработка со ЕУ;
  • Крајниот резултат од проектот е во целосна сопственост и одговорност на државата корисник на твинингот.

Ангажирањето на постојани експерти од државата членка во државата корисник ја претставува суштината на твининг проектите. Со секој твининг проект раководат проектни менаџери (Project Leaders) од двете држави партнери, кои се одговорни за целокупниот финасиски, технички и персонален менаџмент на проектот. Не станува збор за експерти, туку за високо рангирани државни функционери, или службеници кои имаат доволно политичка моќ да ги мобилизираат и ангажираат сите неопходни ресурси за реализација на проектот. Специфика на овој тип проекти е именувањето на постојан експерт Постојан (резидентен) твининг советник (Resident Twinning Adviser-RТА)-ПТС, како најблизок соработник на проектните менаџери, кој е постојано присутен и активен во државата корисник за времетраење на проектот и кој игра клучна улога во подготовката и реализацијата на предвидените твининг активности. Од него се бара да има добри менаџерски, комуникациски и јазични способности и добро познавање на областа на која се однесува твининг проектот, а како предност се сметаат компаративни познавања на системите и на другите држави членки. За реализацијата на твининг активностите насочени кон остварување на крајната цел, се ангажираат и различни кратко- или среднорочни експерти чии профил, улога, задачи, обврски и активности се дефинираат однапред во работниот план на проектот.

Од друга страна при Twinning Light, трае до шест месеци (во исклучителни случаи и до осум) и подразбира ангажман на неколку краткорочни експерти. Исто така договорите twinning light не ја поминуваат финансиската граница од 250.000 евра.

Сподели ја содржината!
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.