Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите има за цел да ја подобри изведбата на оние македонски организации кои се сметаат за клучни за развојот на државата и целите што УСАИД Македонија се стреми да ги постигне во секторите за демократија, образование и економија.
Програмата работи со пет избрани партнерски организации со цел да ја зајакне нивната структура, да ги подобри нивните работни процеси и да ги зголеми вештините и знаењето на нивните вработени. Исто така, програмата се стреми да ја зајакне поврзаноста меѓу институциите и да ги подобри клучните процеси со цел испорачување на подобри услуги за граѓаните на Македонија. Активностите на програмата се поделени во три фази: 1) Проценка на изведбата на партнерската организација, 2) Имплементација на предложените интервенции и 3) Редијагноза на изведбата.
Соработката на СЕП со УСАИД ППРО започна на 15 декември 2014 г., со потпишување на првиот Меморандум за разбирање и соработка. Потоа следеа низа активности поврзани со проценката на изведбата на СЕП, по што беше потпишан вториот Меморандум со кој започна фазата на спроведување на интервенциите чиј опис следи во продолжение.
Спроведени активности:
- Дијагностичка работилница
Од 19 до 21 март 2015 г., УСАИД ППРО реализираше дијагностичка работилница на која учествуваа 20 претставници на раководството на СЕП. На работилницата беа присутни и Вицепремиерот за евроинтеграции г. Фатмир Бесими и г-а Ана Блажевска, Државен секретар. На работилницата, експертите на УСАИД ППРО фасилитираа тимска дискусија и групна работа преку која учесниците ги идентификуваа потенцијалните точки на подобрување во СЕП, како и моменталните капацитети и силни страни.
Г. Бесими им се обраќа на учесниците на дијагностичката работилница
- Продлабочена анализа на изведбата на СЕП
На 14 април 2015 г., УСАИД ППРО започна со продлабочена анализа на изведбата на СЕП. Беа спроведени 15 длабински полуструктурирани индивидуални интервјуа и тоа со Државниот секретар, четири државни советници, седум раководители на сектори, двајца раководители на самостојни одделенија и со соработникот задолжен за спроведување на ИСО системот во СЕП. Исто така, се спроведе и анкета со цел утврдување на менаџерските вештини и практики во СЕП, како и анкета за скенирање на организациската клима и култура.
- Потпишан вториот Меморандум за разбирање и соработка помеѓу СЕП и УСАИД ППРО
На 4 септември 2015 г., е потпишан вториот Меморандум за разбирање и соработка помеѓу СЕП и УСАИД ППРО кој што се однесува на имплементација на пакетот интервенции во следниве пет области за подобрување на работењето:
1. Систем на планирање, следење и оценување на изведбата на СЕП;
2. Систем за управување со ефектот на вработените; Мотивација, награда и дисциплинирање;
3. Организација на работата и организациска клима;
4. Аналитички капацитети;
5. Односи со јавност/менаџирање со влезни и излезни информации.
Г. Бесими и г-а Морина-Максут го потпишуваат вториот Меморандум за разбирање и соработка помеѓу СЕП и УСАИД ППРО
- Работилница за финализирање на процесни мапи за годишно планирање и следење, оценување и известување
На 10 септември 2015 г., УСАИД ППРО реализираше работилница за раководството на СЕП со цел финализирање на процесните мапи за годишно планирање и следење, оценување и известување. Експертите на УСАИД ППРО презентираа нацрт процесни мапи, документи за влезни и излезни информации и обрасци. Со активна вклученост на присутните овие мапи беа дискутирани, ревидирани и финализирани.
Учесници на работилницата ги следат насоките на експертите на УСАИД ППРО за финализирање процесни мапи
- Две еднодневни работилници: Работилница за управување со ефектот на административните службеници и Работилница за годишно планирање
На 27 и 28 септември 2015 г., УСАИД ППРО реализираше две еднодневни работилници: работилница за управување со ефектот на административните службеници и работилница за годишно планирање. На работилниците учествуваа 23 претставници на раководството на СЕП меѓу кои и Државниот секретар, четири државни советници, раководители на сектори и самостојни одделенија, заменици раководители на сектори и раководители на одделенија.
За време на првата работилница учесниците беа запознаени со системот за оценка на изведбата содржан во Законот за државни службеници. Експертот на УСАИД ППРО им ги претстави на учесниците сите чекори во процесот, по што следеше дискусија околу улогите на учесниците во спроведувањето на полугодишните интервјуа, изборот на оценувачи, улогата и составот на комисијата за оценување, скалата за оценка и методите за оценување. Учесниците беа запознаени со мерките за одличен и слаб ефект, дискутираа за потенцијалните пречки во спроведувањето на процесот и се договорија да спроведат интерни работилници, со цел запознавање на сите вработени со процесот на оценување на изведбата.
За време на работилницата за годишно планирање учесниците научија како да постават SMART цели, ја дискутираа рамката за стратешко и годишно планирање и развија нацрт институционални цели за 2016 година во рамките на постоечките стратешки приоритети.
Учесници на работилницата ја следат презентацијата на Законот за државни службеници
- Менторски средби за подготовка на секторски акциски планови за 2016
Во текот на октомври 2015 г., експертот на УСАИД ППРО спроведе 10 менторски средби, на кои што секој сектор работеше на подоготовка на секторски акциски планови за 2016 година. На средбите учествуваа 53 вработени од сите сектори и самостојни одделенија што го направи процесот максимално партиципативен и транспарентен.
Учесници на менторската средба за подготовка на секторски акциски планови дискутираат за потцелите на својот сектор
- Работилница за дефинирање на годишни резултати и индикатори
На 22 и 23 ноември 2015 г., УСАИД ППРО одржа работилница за дефинирање на годишни резултати и индикатори согласно годишната програма на СЕП за 2016 сектори и самостојни одделенија и вработени во секторите и одделенијата. Учесниците на работилницата се стекнаа со вештини за дефинирање резултати на институционално и секторско ниво и воспоставување индикатори како мерки за реализација на очекуваните резултати. Во периодот кој следи до крајот на 2015 година СЕП ќе го комплетира системот за планирање, следење и оценување на постигнувањата за 2016 година.
Г-а Ана Блажевска, Државен секретар и останатите учесници ја следат дискусијата за дефинирање на годишни резултати и индикатори