ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Билатерални донатори
Австрија

Институционална поставеност

Австриската развојна соработка (АДЦ) е составен дел на надворешната политика на Австрија и е насочена кон промовирање на урамнотежен социјален и економски развој, како и кон намалување на сиромаштијата и поттикнување на стабилноста на земјите кои се нејзини партнери.

  • Секторот за развојна соработка на Сојузното министерство за надворешни работи на Австрија е одговорен за формулирање и управување со развојната политика и нејзините стратегиски рамки (www.bmaa.gv.at);
  • Австриската агенција за развој (АДА) претставува оперативна единица на Австриската развојна соработка и соработка со Источна Европа (АДЦ). Уште од нејзиното формирање во 2004 година, таа е одговорна за спроведување и администрирање на вкупниот буџет што е наменски определен за билатералните програми на АДЦ (www.ada.gv.at).

Во рамки на програмските документи за развојна соработка идентификувани се следниве секторски фокуси и теми што произлегуваат од милениумските развојни цели:

  • Социјални сектори - образование, водоснабдување и санитетско-здравствени мерки;
  • Производствени сектори - рурален развој, микро, мали и средни претпријатија (ММСП), енергетика, и
  • Рамка на развојни политики - спречување и решавање конфликти, добро управување и владеење на правото, развој на демократски структури, децентрализација, зајакнување на човековите права и безбедноста.

Тематските приоритети што се определени на регионално ниво се:

  • Образование;
  • Животна средина,
  • Водоснабдување и енергетика;
  • Зајакнување на владеењето на правото и граѓанското општество;
  • Развој на приватниот сектор и подобрување на институционалната рамка.

Од вкупниот буџет на Австриската соработка предвиден за Источна Европа, над 90% од средствата се наменети за Југоисточна Европа.

Австрија во Република Македонија

Буџетот за Република Македонија во периодот 2009–2012 е определен на ниво од 5,5 милиони евра.

За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad

По 2012 година, следи заокружување на развојната соработка и фокусирање на други инструменти за проектна соработка.

Лицa за контакт од СЕП:

Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 243


Јован Деспотовски
e-mail: jovan.despotovski@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 138

Сподели ја содржината!
Друга странска помош
Билатерални донатори
Меѓународни финансиски институции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.