Објави
среда, 08 април 2015 14:44
Секретаријатот за европски прашања во рамките на ЕУ Агендата 2015, ќе одпочне со натпреварувачки дебатен циклус "ЕУ ѕвезди", дел од проектот "Младите за ЕУ". Дебатите ќе бидат наменети за универзитетски, факултетски и независни дебатни тимови. Со цел обезбедување на инклузивен и отворен форум на дебата помеѓу младите, СЕП објавува:
П О В И К
До универзитетски, факултетски и независни дебатни тимови за изразување на интерес за вклучување во дебатниот циклус "ЕУ ѕвезди".
Проектот ќе има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ, како и да ги промовира дискусијата и дебатата како демократски начини за надминување на разликите во мислењата.
Молиме заинтересираните да ги достават своите апликации најдоцна до 17 април 2015 година (петок) на следниот е-маил: lura.pollozhani@sep.gov.mk
Потребни квалификации:
• Дебатните тимови мора да имаат минимум 3 и максимум 5 учесници;
• Учесниците на дебатните тимови да бидат на возраст помеѓу 18-25 години;
• Да имаат ментор или од универзитетот, факултетот или од некоја друга организација;
• Да имаат многу добро познавање на англискиот јазик.
Апликациите е потребно да содржат:
• Назив на дебатен тим;
• Контакт лице и податоци;
• Листа и резиме на претставниците на дебатните тимови и на менторот/ката;
• Мотивациско писмо на целиот тим зошто сакаат да учествуваат.