ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ на универзитетите во Република Македонија за државни службеници за учебната 2007-2008 година

Владата на Република Македонија преку Секретаријатот за европски прашања прва година доделува стипендии за постдипломски студии од областа нa ЕУ, односно европско право, економија, политиките на ЕУ и/или мултидисциплинарни студии за Европската унија/европска интеграција на универзитетите во Република Македонија. Оваа активност се спроведува со цел да се даде поддршка на сите државни службеници и вработени во министерствата и други органи на управата, кои директно се вклучени во работата на процесот на придружување на Република Македонија во Европската унија, а немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите по друга основа.

Доделување на средства на постдипломски студии од областа на ЕУ на универзитетите во Република Македонија за државни службеници за учебната 2007-2008 година

Оглас во дневни весници (22.09.2007г.)

Oбразец за пријавување за доделување на средства на постдипломски студии од областа на ЕУ на универзитетите во Република Македонија за државни службеници за учебната 2007-2008 година

Европски формат на CV

Преглед на студии за ЕУ/ЕИ на акредитирани високообразовни установи во Република Македонија

Доделени средства за 33 постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ на универзитетите во Република Македонија за државни службеници за учебната 2007-2008 година

Список на државни службеници/стипендисти на Владата на Република Македонија за учебната 2007-2008 година

Секретаријатот за европски прашања оваа година распиша конкурс за доделување стипендии за постдипломски студии во областа на Европската унија/европска интеграција на универзитетите во Република Македонија за 2007-2008 година. Конкурсот ќе биде објавен во јавните гласила во текот на месец септември 2007 година.

Кои и какви студии се поддржуваат и зошто?

Од оваа 2007 година Владата на Република Македонија започна со активностите за доделување стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ нејзините политики, историјат, институции, право и економија на универзитетите во Република Македонија. Целта на обезбедување на финансиски средства за постдипломски студии од областа на ЕУ и европската интеграција е јакнење на професионални вештини на што поголем број на државни службеници ангажирани во процесот на ЕУ.

Кој може да се пријави?

Стипендиите се наменети за државни службеници кандидати за студии, коишто ќе се запишат на високообразовни институции во Република Македонија со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ, нејзините политики, историјат, институции, право и еконимија.

УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

Подолу на страницата е прикачен преглед на акредитирани високообразовни институции во Република Македонија коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е индикативен список - само насока во вашиот избор на универзитет, односно избор на постдипломски студии.

Преглед на студии за ЕУ/ЕИ на акредитирани високообразовни установи во РМ

Список на државни службеници/стипендисти на Владата на Република Македонија 2007/2008 на високообразобни институции во Република Македонија за учебната 2007-2008 година.

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.