Новости
понеделник, 06 април 2020 10:05
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто кој во рамките на посетата донесе заштитна опрема за борба против КОВИД19, како помош од Унгарија за нашата земја.
„Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија.“ - изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до Министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка на Република Унгарија за земјава.
По пречекот, во просториите на самиот аеродром, Османи
оствари и билатарелана работна средба, на која беа разменети информации и за
натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на
одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на
преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на
преговорите.
„Дозволете да се заблагодарам за цврстата, и гласната поддршка за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Вархеји, кому најмногу може да му се препише заслугата, за експресното усогласување на новата методологија, и секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава “, истакна Османи, посочувајќи дека Република Северна Македонија, и покрај предизвикот во справувањето со КОВИД19, соодветно ќе се подготви и адаптира за почеток на преговорите.
Со специјален воен карго авион, Министерот Сијарто допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери