Новости
четврток, 05 март 2020 12:37
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар
Османи оствари средба со делегација на Националниот Совет на Република Австрија
предводена од Претседателот Волфганг Соботка во рамки на нивната посета на
земјава.
„Искрена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република
Австрија, која, како непосреден сосед на земјите од Западен Балкан е
воедно и најголем лобист за европска интеграција не само на Северна Македонија,
туку и на целиот регион. Оваа поддршка беше демонстрирана и преку поставувањето
на перспективата на ЕУ за Западен Балкан меѓу трите најважни приоритети на
австриското претседателство на ЕУ“- истакна Османи, пренесувајќи ги притоа
впечатоците и очекувањата за скорешен напредок во европските интеграции, преку
одлука за почеток на преговорите на претстојните ЕУ самити.
„Самитот за Западен Балкан во Виена на 17 месецов го сметаме за значаен
континуитет на австриската поддршка, и во исто време, одлична подготовка за
успешност на загрепскиот Самит ЕУ во мај, кој во целост ќе биде посветен на
односите меѓу ЕУ и Западниот Балкан“ – посочи Османи.
Соговорниците за време на средбата се осврнаа и на извештајот за
напредокот и состојбите во Република Северна Македонија, како и за новата
методологија за проширување која беше објавена на почетокот од минатиот месец
при што Вицепремиерот Османи потенцираше дека истите не само што на голема
врата ја враќаат довербата во европските интеграции, туку претставуваат и
потврда дека земјава е на вистинскиот пат во приближувањето кон ЕУ