Новости
понеделник, 07 октомври 2019 13:27
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари
средба со Александeр Шаленберг,
Сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република
Австрија.
„Особено
ги цениме интересот на Австрија, како непосреден сосед на регионот на Западниот
Балкан, а особено клучната улога која ја одигра земјата за време на австриското
претседателство со ЕУ, период кога земјава оствари најголем напредок во
европските интеграции“ истакна Османи на средбата, изразувајќи благодарност до
Шаленберг за активната австриската поддршка пред претстојниот октомвриски самит
на ЕУ, во насока на обезбедување „зелено светло“ од Советот за старт на
преговорите со Унијата.
Османи
го брифираше Шаленберг за актуелностите во земјата и регионот, при што
соговорниците се согласија дека клучно за напредокот на земјата и на регионот
во периодот пред нас останува стартот на преговорите со Унијата, како чекор поблиску до
европската интеграција не само на Северна Македонија, туку и на останатите земји
од регионот.