ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Oсмани: Првото поглавје од преговорите ќе го отвориме за време на хрватското претседателство со ЕУ
10:18, понеделник, 16 септември 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ја започна работната посета на Брисел на средба со Државната секретарка за европски прашања, и претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ.

„Одлуката за старт не преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите“, истакна Османи, пренесувајќи благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка која Хрватска ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија. „Како дел од регионот, но и како дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат континуирани пријателски односи, во интерес не само на двете земји, туку и на целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот“ - истакна Османи.

Османи е во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средба со Федерика Могерини, Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, каде ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за старт на преговорите. Во агендата на Османи е и средбата со Директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на Вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЦЕЛОСНО СЕ ВРАЌААТ НА АГЕНДАТА НА ЕУ
ОСМАНИ: ПРОДОЛЖУВАМЕ СО АКТИВЕН МОНИТОРИНГ НА РЕФОРМИТЕ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОВРЗАНА СО ЕУ И Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УСОГЛАСУВАЊЕТО ВО ЕУ ДА ГО ЗАГРОЗИ РЕФОРМСКИОТ МОМЕНТУМ ВО ЗЕМЈАВА
ОСМАНИ: РЕФОРМИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ, НАШАТА ИДНИНА ОСТАНУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.