Новости
четврток, 05 септември 2019 14:30
Денес во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на
Aлбанците – Скопје, Вицепремиерот Бујар Османи учествуваше во институционализацијата
и формирањето на Одделот за наследство на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза, кој ќе
функционира во рамките на Секторот за научно истражувачка дејност на Институтот
за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје.
По овој повод, Вицепремиерот Османи го изрази својот ентузијазам за
фактот дека за прв пат во светот се формира оддел од ваков вид, токму во
родното место на големата светска хуманитарката, по голем број именувања на
разни институции што биле направени во минатото.
„Солидарноста е еден од фундаменталните европски вредности, кои преку
Секретаријатот за европски прашања се обидуваме да се пренесат и култивираат и
во Република Северна Македонија„- истакна Османи.
Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците,
Скендер Асани, му се заблагодари на Вицепремиерот Бујар Османи за дадената поддршка
од страна на Владата за напредокот на Институтот. Тој најави дека Одделот за
наследство на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза е десеттиот оддел на Институтот, кој
научно ќе се занимава со истражување и проучување на животот и делото на ова
голема фигура на човештвото.