ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Вицепремиерот Османи и министерот Димитров во работна посета на Кралството Данска
13:19, вторник, 20 август 2019

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес остварија работна посета на Копенхаген, Кралство Данска, при што имаа одделни средби со министерот за надворешни работи, Јепе Кофод, како и со г-ѓа Вибеке Пастернак Јоргенсен, главна советничка за европски прашања на премиерката Мете Фредериксен.

На средбите, Османи и Димитров реферираа за политичките актуелности во земјата, за постигнатиот напредок во клучните реформски области, во создавањето на добрососедските односи, но и во зацврстувањето на внатрешната стабилност, како основа за подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври оваа година.

„Потврдувањето на успехот на нашата приказна, со сите предизвици, но и демонстрирана упорност за нивно надминување, ќе претставува заслужено подавање на рака за почеток на продлабоченото европско патување, но и валидација за европската перспектива на Регионот”, истакна Димитров.

Во слична насока Османи посочи дека Владата е во целост фокусирана на подготовката и создавањето услови за успешен старт на преговорите. „Фокусот кон реформите и напредокот во клучните области и натаму останува приоритет на Владата, и во периодот кој претстои, преземаме обврска да испорачаме дополнителни резултати, со кои ќе ја потврдиме нашата подготвеност за почеток на преговорите оваа година“, истакна Османи.

Османи и Димитров се осврнаа и на последните актуелности поврзани со случајот „Рекет“, пренесувајќи го ставот на Владата за безусловна поддршка на истражните и правосудните органи во насока на целосно, непристрасно, ефикасно и транспарентно расчистување со овој случај, без разлика кон кого ќе води, задржувајќи го со тоа и успехот од досега постигнатиот напредок во оваа област.

Во истиот контекст, Османи и Димитров потсетија дека преговорите за идниот статус на СЈО се водат активно меѓу парламентарните партии и изразија очекување дека и оваа реформа навремено ќе биде завршена, со цел квалитетно заокружување на институционалната поставеност на земјата за борба против организираниот криминал и корупција.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗНАЧАТ ЕВРОПСКИ ИМПУЛС ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
Одржани три информативни сесии за повикот за доделување на грантови за граѓански организации и медиуми за проекти за ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.