ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
15:05, вторник, 30 јули 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес оствари заедничкi работен состанок со заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и претставници на Делегацијата на Европска Унија во земјава, на која разговараа за првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија 2016 – 2020.

„Од вкупно планираните 3,5 милиони евра за оваа намена во ИПА 2 програмата  2016 - 2020 година, со овој прв повик од минатата недела, стартуваше реализацијата на 1,2 милиони евра. Тоа секако не претставуваат големи суми средства, но фактот што се работи за прв успешен повик за прекугранична соработка меѓу двете земји говори многу. Оттаму и потребата да ги свикам условно заинтересираните страни, за да ги разгледаме можностите и потенцијалите кои се отвораат пред нас од аспект на прекуграничната соработката“, истакна Османи. Притоа Вицепремиерот оцени дека соодветното искористување на овие средства значи подобрување на животот на жителите кои живеат во пограничните области, но и придонес во спроведување на агендата за поврзување (конективити агенда), како еден од најважните елементи во остварување на регионалната соработка и регионалниот развој.

„Ги охрабрувам општините кои можат да учествуваат на повикот да аплицираат,“ истакна заменик- министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, додавајќи дека општините во северо- источниот плански регион се меѓу најмалку развиените во земјава, и ова е можност за подобрување на нивниот развој.

Претставникот од Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат потенцираше дека во оваа област, во која живеат околу 700 000 жители, преку реализирањето на два клучни приоритети- економски развој, кој ги опфаќа работната сила, мобилност и социјална инклузија, како и заштита на културното и природното наследство, ќе значи бенефит и за населението и за бизнисите, бидејќи, како што рече, двете држави се значајни трговски партнери.

Во продолжение на средбата се разговараше и за потенцијалите и можностите за унапредување на искористувањето на средствата од ИПА 2 за прекугранична соработка преку реализација на проекти за поддршка на локалниот економски развој, туризмот, образованието и локалниот транспорт.

 

Сподели ја содржината!
Вести
Кралството Шведска ќе продолжи со поддршката на реформите во процесот на европска интеграција
ОСМАНИ: СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ КОЈ ГО НОСАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ- МОЖЕ ДА ЗАПОЧНАТ ВЕДНАШ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.