ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Повторен конкурс - Стипендии за постидпломски студии "Габриела Конеска Трајковска" од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ во странство за академската 2014/2015 година

СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
“ГАБРИЕЛА КОНЕВСКА ТРАЈКОВСКА“
ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО, ЕКОНОМИЈАТА И ПОЛИТИКИТЕ НА ЕУ ВО СТРАНСТВО
ЗА АКАДЕМСКАТА 2014/2015 ГОДИНА

 

Дванаесетта година по ред, Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Македонија ја реализираат активноста: доделување стипендии за постдипломски студии во странство од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на кадри на доспецијализација од областа на ЕУ е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на приближување и идно приклучување кон ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во тој процес.

Кој може да се пријави?

 

Конкурсот е отворен за граѓаните на Република Македонија. Стипендиите „Габриела Коневска Трајковска“ се наменети за идни студенти/кандидати за стипендии кои веќе се запишани на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ. Под постдипломски студии од областа на ЕУ се сметаат постдипломски студии од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ, при што предност ќе се даде на кандидатите кои немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите од наведените области по друг основ.

 

 

Услови
 

Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за академската 2012/2013 година
 

 

 


Поднесување на апликација за стипендија

 

Конкурсот за доделување стипендии „Габриела Коневска Трајковска“ повторно е објавен на 07.08.2014 г. во двете најтиражни јавни гласила, весникот „Вест“ и весникот „Коха“, на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања http://www.sep.gov.mk/content/?id=87#.U1oOT6Jn_xU, на веб страницата на Центарот за обука на СЕП tc.sep.gov.mk , како и на националниот телевизиски сервис. Конкурсот трае до 05.09.2014 година.

 

На 18.08.2014 година (понеделник), во 10.00 часот, во просториите на Секретаријатот за европски прашања на Кеј „Димитар Влахов“ бр. 4, Скопје (поранешна зграда на Комерцијална банка), ќе се одржи информативен ден, кога ќе може да се добијат подетални информации за стипендиите. Во периодот 07.08-05.09.2014 година заинтересираните кандидати можат да се пријават за оваа стипендија со поднесување на потребната документација по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:

 

 

Секретаријат за европски прашања
(оглас за доделување стипендии „Габриела Коневска Трајковска“
за постдипломски студии за ЕУ)
Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000Скопје 
или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

 

Што потоа?


Селекцијата на кандидатите ја врши Комисија сочинета од претставници на повеќе владини институции. По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ, предлог списокот на кандидати се доставува до Владата на Република Македонија, која го прави конечниот избор.
Давателот на стипендијата се обврзува да ги покрие трошоците во висина од најмногу 20.000,00 евра. Трошоците кои го надминуваат наведениот износ ќе бидат на товар на корисникот на стипендијата. Средствата се доделуваат за обезбедување на трошоците за уписнина, сместување, исхрана и патни трошоци до дестинацијата на студирање и назад.


Идните стипендисти


Избраните кандидати/стипендисти потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кој се обврзуваат да магистрираат во наведениот период и да работат во државната администрација во период од три години по нивното завршување на постдипломските студии.

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.