ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Друга странска помош
Програмски Пристап за Координација и Испорака на Странска Помош

Програмски пристап (ПБА)

Во текот на глобална економска криза и ограничени средства за инвестирање, од клучна важност е официјалната развојна помош понудена од донаторите и меѓународните финансиски институции да се искористи на високо координиран начин и да се насочи кон прецизно утврдени приоритетни сектори заради исполнување на стратешките развојни цели на земјата. Владата на Република Македонија смета дека концептот на координирана странска помош во рамките на секторски или тематски програмски области ќе овозможи ефикасно управување со севкупната странска помош во утврдените сектори или програмски области, надминувајќи го вообичаениот пристап на управување со голем број проекти за различни цели. Во овој контекст, исклучително важно е странската помош да се управува преку зајакнати национални механизми и да се насочи кон специфични сектори кои се клучни за развојот на земјата, со однапред зацртани резултати.

Во почетокот на 2009 година, Секретаријатот за европски прашања (СЕП) презеде иницијатива да го воведе Програмскиот пристап (ПБА), како механизам за зајакнување на управувањето со странска помош. Воведувањето на ПБА беше заеднички ангажман на Владата и меѓународната заедница предводена од ОН, Светска банка и Европска Унија. Процесот беше воден од страна на СЕП, национално координативно тело за странска помош на Владата и имплементиран со вклученост на линиските министерства и меѓународната заедница во земјата.

Република Македонија е прва земја кандидат за членство во ЕУ која го воведе ПБА. Главната цел на воведувањето на ПБА беше понатамошно подобрување на ефективноста на странската помош, преку фокусирање на надворешната развојна помош на неколку приоритетни сектори (избрани заеднички со меѓународните партнери) и преку обезбедување на систематско јакнење на националните капацитети за програмирање и имплементирање. Преку јакнење на националните капацитети и институционалните механизми, направен е значителен придонес за успешен евро-интеграциски процес во земјата и нејзиниот економски развој и раст. На долг рок тоа се очекува да резултира со:

  • Поинтегрирана насоченост кон државните програмски/секторски приоритети
  • Подобра подготвеност за програмирање на ИПА
  • Исполнување на општите принципи на Париската декларација

Процесот започна во почетокот на 2009 година, кога Владата на Република Македонија утврди пет широки програмски области кои беа прифатени од меѓународните партнери и започна со подготвителни активности за воведување на ПБА. Тие области беа:

  • Деловно опкружување, конкурентност и иновативност;
  • Човечки капитал (составен од труд и социјална политика, образование и здравство);
  • Земјоделие;
  • Животна средина;
  • Добро владеење (составен од децентрализација и локална самоуправа, правда и внатрешни работи, и реформа на јавната администрација).

После деталната проценка од страна на заедничките програмски работни групи кои ги зедоа во предвид институционалните и човечки капацитети на инволвираните институции и подготвеноста за воведување на ПБА во предложените програмски области, беа утврдени потесни под-области (делокрузи). Владата ги разгледа препораките на ПБА работните групи за делокругот на ПБА областите и беа прифатени следните приоритети за работните групи:

  • Во рамките на областа „Деловно опкружување, конкурентност и иновативност“, под-областа индустрија;
  • Во рамките на областа „Човечки капитал“, под-областа вработување;
  • Во рамките на областа „ Земјоделие“, под-областите шумарство и рурален развој;
  • Во рамките на областа „ Животна средина“, под-областите управување со води и интегрирано управување со отпад. Се препорачува со имплементацијата на ПБА во овие две области, да се земат предвид климатските промени како општ мулти-секторски приоритет;
  • Во рамки на областа „ Добро владеење“, под-областите реформа на јавната администрација, правда и внатрешни работи, локална самоуправа и децентрализација кои понатаму ќе бидат развивани како посебни сектори.

ПБА институционална (организациона) рамка

Почнувајќи од 2009 год, целно ориентирана институционална рамка е воспоставена за да ги поддржи активностите на ПБА процесот. Организациската рамка има хиерархиска структура од шест нивоа кои се хоризонтално и вертикално поврзани, на начин да се обезбеди интерактивност (види слика подолу). Процесот е воден од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), како национално координативно тело за странска помош на Владата, и имплементиран со значајно учество на линиските министерства и меѓународната заедница во државата.

Клучни постигнувања

Клучните фактори за успешностата во спроведувањето на овој пристап се следните:

  • Силна сопственост врз процесот и водство од страна на државата
  • Воспоставување функционална организациска структура која ги обединува клучните учесници во секторот, предводена од националните власти
  • Јасна визија за развојните приоритети на среден и долг рок, вклучително и оперативни стратешки документи за секторите
  • Примена на прагматичен и изводлив пристап, особено за време на програмирањето и поставувањето на приоритети, како и за справување со предизвиците
  • Водење на блиска и ефикасна соработка и дијалог со сите развојни партнери


До сега се постигнати следните значајни резултати:

  • Нова институционална рамка за поддршка на имплементацијата на ПБА е воспоставена
  • Зголемено е водството на Владата (СЕП) во кординацијата и поставувањето на агендата за развојна соработка
  • Зајакнат и редовен дијалог и соработка помеѓу донаторската заедница и националните институции (одржани неколку донаторски координативни состаноци на високо ниво)
  • Зголемена свесност кај донаторите за националните приоритети
  • Подготвен акциски план, водич и материјали за започнување со ПБА
  • Генерален акциски план со активности, надлежности, временска рамка и одговорни страни се подготвува редовно на годишна основна
  • Следејќи детална компаративна анализа, ПБА започна во седум приоритетни области: бизнис опкружување, конкурентност и иновации, развој на човечки капитал; земјоделство; животна средина; локална самоуправа и децентрализација; јавна администрација; владеење на правото
  • Воспоставени се седум работни групи со задачи да подготват детални проценки и да елаборираат на пакет предлози за секоја од приоритетните програмски области
  • ПБА работните групи ги ускладуваа националните приоритети со донаторските стратегии на програмско/секторско ниво (7 ПБА приоритети)
  • Израбоен детален Опис на Задачи за целата организациска рамка за ПБА
  • Спроведена проценка на капацитетите и потребите за обука и одржани воведни обуки за учесниците во процесот
  • Обезбедена е побалансирана координација и интеракции помеѓу пристапувањето кон ЕУ и другите донаторски развојни цели, бидејќи пристапувањето не ги покрива сосема сите развојни цели


Македонското искуство со ПБА е преставено како успешна приказна на многу регионални конференции. Признаено е како најдобра пракса во регионот од страна на ЕУ. Се покажа како корисен и вреден концепт за координација на странската помош кој ќе продолжи да биде аплициран во идното програмирање на ЕУ фондовите (почнувајќи за период 2011-2013)и во политиките за програмирање на ИПА2 после 2013 година. Прилагодувањето на помошта според специфичните потреби на државата е од клучна важност, имајќи го предвид различносто ниво на подготвеност и предизвиците на секој од секторите.

Во целина, предноста и научените лекции и постигнувања се големи. Останува важноста понатаму да се продолжи и прагматично да се зголемат корисностите од развојната соработка, да се одржи фокусот на преостанатите делови што го сочинуваат програмскиот сектор и спремноста за нашето членство во ЕУ.


Поважни документи:

Сподели ја содржината!
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.