ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за 2011/2012 година

 КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ “ГАБРИЕЛА КОНЕВСКА ТРАЈКОВСКА“ 

за постдипломски студии во странство од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ за академската 2011/2012 година

Деветта година по ред, СЕП и Владата на Република Македонија ја реализираат активноста: доделување стипендии за постдипломски студии во странство од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на млади кадри на доспецијализација од областа на ЕУ и европската интеграција е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во процесот на приближување кон ЕУ. 

Кој може да се пријави? 

Стипендиите се наменети за идни студенти/кандидати за студии, кои веќе се запишани на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ. Под постдипломски студии од областа на ЕУ, се сметаат постдипломски студии од областа на правото, економијата и политиките на ЕУ (особено од областа на земјоделството и сродните области: заедничка земјоделска политика на ЕУ, безбедност на храна, ветеринарна политика, фитосанитарна политика и политика на рурален развој на ЕУ), при што предност ќе се даде на кандидатите кои немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите од наведените области по друг основ.

 

Услови за добивање стипендии

  

 

Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство за академската 2011/2012 година
Оглас во дневни весници (2011 г.) MK
Оглас во дневни весници (2011 г.) АЛБ
 
Oбразец за пријавување за доделување стипендии за постдипломски студии во странство за академската 2011-2012 година
Европски формат на CV
Преглед на високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии за ЕУ/ЕИ

 

ИНФО ДЕН          (МК)                            
 
ИНФО ДЕН         (АЛБ)                           
 

 

На веб страницата прикачен е преглед на извесен број високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е само насока, а со него не се ограничуваат заинтересираните кандидати да се јавуваат само на наведените универзитети.



Поднесување на апликација за стипендија

Конкурсот за доделување стипендии е објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk/stipendii  Во периодот 01.04. - 30.04.2011 година заинтересирантие кандидати можат да се пријават за оваа стипендија со поднесување на потребната документација по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:

 

Влада на Република Македонија 
Секретаријат за европски прашања 
(стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии) 
бул. „Илинден” бб 1000 Скопје

или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија. 

Што потоа?

Селекцијата на кандидатите ја врши комисија сочинета од претставници на повеќе министерства и институции на Владата на Република Македонија. По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ/ЕИ, предлог спискот на кандидати се доставува до Владата на Република Македонија, која го прави конечниот избор.

Избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кој се обврзуваат да магистрираат во наведениот период и да работат во државната администрација во период од најмалку три години, по нивното завршување на постдипломските студии.

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.