Новости
четврток, 23 мај 2019 11:23
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со
Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние има воведни обраќања на
меѓународниот семинар на тема „СЕП, Центарот за обуки и димензијата на
човечките ресурси“, кој се реализира со поддршка на Француската агенција за
развој.
„Денешниот
настан е дел од серијата семинари и обуки кои ги организираме со поддршка на
Француската агенција за развој, а се во насока на зајакнување на капацитетите
на СЕП, како единствена институција со соодветната експертиза, знаење и
искуство поврзани со европските процеси, а со цел поквалитетна подготовка на
државата за процесот на преговори кој ни претстои“, нагласи Османи.
Османи
изрази благодарност до Амбасадорот Тимоние и до својот советник кој доаѓа од
француската Влада, Франсоа Лафонд, за поддршката во организацијата на ваквиот
тип на обуки и семинари, со кои, како што истакна Османи, „не само што се
зајакнуваат капацитетите на Секретаријатот за европски прашања туку истите
претставуваат и јасен израз на добрите односи меѓу Република Франција и
Република Северна Македонија.“
Османи
посочи и на актуелноста на темат во периодот што претстои, упатувајќи на
Извештајот на Европската Комисија чие објавување е наредната недела, при што
истакна дека очекува истиот да го рефлектира реформскиот и политички напредок
на земјава и дека очекува по квалитет да го надмине и минатогодишниот, и
директно да посочи на подготвеноста на
Република Северна Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија оваа
година.