ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба Ангеловска-Бежоска – Османи: Народната банка е посветена на евроинтегративните процеси
17:30, понеделник, 20 мај 2019

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Средбата следеше по годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан и Турција на кој беа усвоени заклучоците коишто содржат исклучиво позитивни оцени за поставеноста на монетарната политика кај нас и воопшто, за заложбите на Народната банка за исполнување на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи.

„Република Северна Македонија се наоѓа пред историскиот исчекор за започнување на преговорите за членство во ЕУ, што ќе претставува една од најголемите административно-општествени операции за трансформација на сите сегменти и аспекти на општественото живеење согласно со европските правила, стандарди и вредности“ – истакна Османи, посочувајќи на потребата од инклузивност и соработка во рамките на овие процеси, меѓу сите чинители на општеството.

На средбата беше нагласено дека Народната банка дава голем придонес во спроведувањето на националните реформски програми коишто се клучни за евроинтегрирањето на земјава и дека регулативата и практиките во централнобанкарското работење кај нас се одликуваат со голем степен на усогласеност со европските.

„Цврсто решени како централна банка да дадеме максимален придонес за приближувањето на нашата економија кон европското семејство, посветено и континуирано работиме и на натамошно усогласување на регулативата којашто е во наша надлежност сорегулативата на ЕУ.Особено би ги потенцирала промените во законската регулатива во однос на банкарскиот систем, коишто ќе придонесат за натамошно зацврстување на финансиската стабилност, како и промените коишто се однесуваат на платежните услуги и платните системи.Постојаносме посветени и на усогласувањето на централнобанкарскатастатистика со европските барања.“ – посочи меѓу другото Ангеловска-Бежоска на средбата одржана заради размена на мислења и информации за натамошните етапи во евроинтегративните процеси во кои активно ќе биде вклучена и Народната банка.

„Народната банка, како независна институција во чија надлежност е монетарната политика, е една од клучните институции од кои се очекува да придонесат во создавањето на преговарачката структура и подготовката на државата за предизвиците на преговорите, особено во делот на економските поглавја“ –нагласиОсмани, изразувајќи притоа задоволство од досегашната соработка меѓу двете институции, особено во рамките на текот на т.н. објаснувачки скрининг, во чии рамки досега веќе се отворија неколку поглавја од сферата на економијата.

Во процесот на пристапување кон ЕУ, централната банка активно учествува со свои претставници во националната преговарачка структура за пет поглавја од европското законодавство.На денешната средба беше нагласено дека во контекст на очекуваното забрзување на евроинтегративните процеси, Народната банка ќе продолжи сојакнењето на своите капацитети за да може и натаму да дава максимален придонес во чекорењето по европскиот пат на земјава. 

Во дискусијата на гувернерката и вицепремиерот одделно внимание им беше посветено и на проектите коишто ги финансира ЕУ и се поврзани со активностите за подготвеност на земјава за членство во Унијата. Народната банка, меѓу другото, веќе учествува и во двегодишната Регионална програма наменета за зајакнување на капацитетите на централните банки од шесте земји од Западен Балкан. Соговорниците истакнаа дека е особено важно што во септември годинава ќе започне да се спроведува и твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во ЕСЦБ“. Овој проект, за кој централната банка се пријависо поддршка од Секретаријатот за европски прашања и за кој ЕУ издвои 600.000 евра, треба да биде фокусиран на платните системи, банкарската супервизија, централнобанкарската статистика и истражувањето.

Кон завршницата на средбата, Ангеловска-Бежоска и Османи изразија задоволство од успехот на Република Северна Македонија,што го постигна влегувајќи во втората фаза од спроведувањетона Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Тоа создава исклучителен потенцијал за економското поврзување на земјава со земјите членки на Унијата, како важна основа во создавањето услови и потенцијали за полесен влез на странски директни инвестиции коишто доаѓаат од Унијата и воопшто, за унапредување на економската размена со ЕУ.

Во натамошниот период, соработката меѓу Народната банка и Секретаријатот за европски прашања ќе биде уште посилна, со цел што посоодветно да се одговори на дел од предизвиците за земјава во рамки на евроинтегративните процеси.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗНАЧАТ ЕВРОПСКИ ИМПУЛС ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
Одржани три информативни сесии за повикот за доделување на грантови за граѓански организации и медиуми за проекти за ЕУ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.