Новости
среда, 08 мај 2019 16:17
Во рамките на одбележувањето на европските денови во Република Северна
Македонија, денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се одржа
Панел - Конференција на тема „Западен Балкан и евроатлантските вредности“ на која покрај Заменик претседателот на Владата,
задолжен за европски прашања, Бујар Османи и ко-организаторот, Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на
јазиците, Илбер Села учествуваа и домашни претставници и експерти
од земјите од регионот.
„Се
наоѓаме во еден исклучително динамичен период, во кој промените се случуваат со
голема брзина, при што темата ‘Западниот
Балкан и евроатланските вредности’ на денешната
Панел - Конференција е од
исклучителна важност за сите земји од регионот во рамките на која можеме заеднички да дебатираме и
да изнесеме аргументации за тоа со каква брзина, ние, земјите членки од
Западниот Балкан, ги интегрираме, ги имплементираме европските и
евроатлантските вредности, имајќи ги нашите недвосмислени амбиции за членство
во ЕУ и НАТО“- истакна Османи.
Во
продолжение панелистите дебатираа за предизвиците со кои се соочува регионот,
особено од аспект на европските и евроатлантските интеграции, изразувајќи
суштинска поддршка за процесот, како носечки елемент на напредокот на сите
земји од Западниот Балкан. Во ова смисла беше нотиран и напредокот на Република
Северна Македонија, како земја чии успех се посочува како позитивен пример за
затворање на отворените прашања и посветеност кон реформите.