Новости
вторник, 12 март 2019 13:58
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар
Османи присуствуваше на промоцијата
на Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен
криминал, на која заедно со Заменик претседателот на Владата и Министер за
внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски се обратија
пред присутните.
Во своето обраќање Османи го потенцираше значењето на реформите и
резултатите поврзани со борбата со организираниот и сериозниот криминал, како
дел од обврските преземени од страна на Република Северна Македонија за
имплементацијата на реформите во соодветните области.
„Денешната промоција на овој Националниот координативен
центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал, доаѓа во исклучително
важен период за земјава, кога сите напори на државата се вложуваат во испорака
на што е можно поголем број, но и поквалитетни реформи, кои ќе обезбедат и т.н.
‘трак-рекорд’, т.е. јасни примери на имплементацијата на реформите, за што,
значаен придонес очекувам токму од извештаите за работата на овој центар и
сличните вакви тела.“, истакна Османи, посочувајќи и на средствата од
програмите ИПА 2017 - проектот за спречување на сериозен криминал во Западен
Балкан, како и за финансиската поддршка при мапирањето на средствата од ИПА
2020 година, преку кои се обезбедени средства за ова координативно тело, и
воопшто, за борбата против организираниот и сериозен криминал.
Во оваа насока Османи изрази задоволство од
работата на тимот задолжен за
реформи при МВР, предводен од Министерот Спасовски, за исклучително успешната
имплементација на преземените обврски во Планот 369 и Планот 18, како во делот
на ОТА, реформите во УБК, така и делот на зајакнувањето на капацитетите во
борбата против организираниот и сериозен криминал. Со тоа, додаде Османи,
Република Северна Македонија покажува сериозно ниво на зрелост за кое очекува
да резултира со потврда на одлуката од страна на Европскиот совет во јуни за
почеток на преговорите со Европската Унија оваа година.