Новости
вторник, 12 март 2019 13:13
Заменик
Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со
делегација од Секретаријатот за европски прашања денес одржа состанок со Комисијата
за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во Собранието
на Република Северна Македонија, предводена од Претседателот на Комисијата,
Емил Димитриев.
На
состанокот се разговараше за улогата на Комисијата во обезбедувањето на
ефикасен собраниски надзор над работата на безбедносните и разузнавачките
служби, како и можностите за соработка и поддршка од страна на СЕП како
координатор на процесот во смисла на институционална, техничка и финансиска
поддршка, вклучително и преку проектите со кои тековно располага
Секретаријатот.
„Реформата
на безбедносните служби е една од клучните области кои одблиску се следат и од
ЕК и од земјите членки“, истакна Вицепремиерот Османи. „Од аспект на законската
рамка имаме значителен напредок, односно успешно ја завршивме правата фаза
со формирањето на ОТА, а веќе во
собраниска процедура се и законите со кои ќе се овозможи одвојување на УБК од
МВР и формирање на нова агенција, која ќе биде надлежна за внатрешното
разузнавање за безбедносни цели“, додаде Османи. Во продолжение, тој изрази задоволство од
работата и на Собраниската Комисија за следење на безбедносните служби, посочувајќи
ги како една од главните алатки во воспоставувањето на функционалноста на
реформите, како важен елемент по кој ќе се оценува севкупната трансформација на
безбедносниот систем на земјата.
Средбата е дел од институционалните посети на Вицепремиерот Османи,
кои имаат за цел следење на имплементацијата на реформите од Планот 18,
предизвиците поврзани со истата, како и соодветниот „трак рекорд“ на активности
од спроведување на реформите.