ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА Е ПОСУШТИНСКА ДЕБАТА ЗА РОДИТЕЛСКИОТ ДОДАТОК ЗА ТРЕТО ДЕТЕ
16:08, четврток, 27 декември 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс.

За време на средбата, соговорниците разговараа за приоритетите на оваа меѓународна организација во земјата, при што, Османи изрази огромна благодарност за континуираните активности што ги спроведува УНИЦЕФ во Република Македонија, а чија главна цел е поддршка и заштита на правата на децата.

„Сѐ уште имаме предизвици на кои мора да работиме за да го постигнеме европскиот просек за квалитетот на детската заштита, а за што, неопходна е и поддршката, експертизата и посветеноста на УНИЦЕФ“ - истакна Османи, изразувајќи искрена благодарност и за огромната поддршка и улогата на УНИЦЕФ во изминатиот период, особено за време на мигрантската криза, преку обезбедување на помош на децата-бегалци и мигранти што минуваат низ нашата земја.

На средбата Османи го реафирмираше ставот дека на Македонија ѝ е потребна политика за поддршка на семејствата кои го прифаќаат предизвикот да имаат трето дете. „Македонија е сѐ уште земја во развој, на која ѝ претстои значаен период за да го достигне европскиот стандард, што, пак, ги обесхрабрува семејствата да оформат поголеми заедници, како последица на нивната загриженост за условите кои ќе можат да им ги обезбедат. Токму затоа државата треба да обезбеди соодветна поддршката за повеќедетните семејства“ – истакна Османи, посочувајќи на потребата да се отвори посуштинска дебата за родителскиот додаток за трето дете.

На крајот Османи ја потврди заложбата на земјава за членство во Европската Унија, токму на основа на прифаќањето и имплементацијата на европските вредности, како што е заштитата унапредувањето на правата на децата и изрази надеж дека УНИЦЕФ ќе продолжи со поддршка на реформите неопходни за евроатлантската интеграција на Република Македонија, а кои се однесуваат на оваа област.  


Сподели ја содржината!
Вести
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Михаел Рот во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Крамп Каренбауер во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.