ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ФИНАНСИСКАТА ПОМОШ ОД КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА ДОАЃА ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ И НА ВИСТИНСКО МЕСТО
13:51, петок, 14 септември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен, при што, во просториите на Секретаријатот за европски прашања беше потпишан и Договор за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставено преку Амбасадата на Кралството Норвешка и регионалната канцеларијата за проекти на Обединетите нации – УНОПС за Грант средства во висина од два милиони евра, поддршка за соци-економскиот развој на земјава, како и поддршка за процесот на европски интеграции.

 “Поддршката од страна на Кралството Норвешка за Република Македонија, но и за нашите европски и евроатлантски интеграции, трае веќе две децении, и дозволете ми, за оваа нивно пријателство, на г-нот Халворсен да му ги пренесам пораките за искрената благодарност од страна на Владата, но и мојата благодарност лично кон него, за неговите залагања за успешна реализација на билатералната помош од страна на Норвешка за Република Македонија”- потенцираше Османи на средбата.

Османи истакна дека со потпишувањето на денешниот договор за билатерална финансиска помош во висина од околу 2 милиони евра, како дел од програмата за регионален социо-економски развој, покрај средствата предвидени за поддршка на локалниот економски развој во единиците на локаната самоуправа, има и значајна компонента за поддршка на процесот на европски интеграции на земјата, што во овој момент, претставува највисок приоритет за земјава. „Со овие средства, Владата, а особено Секретаријатот за европски прашања, ќе добие значајна поддршка за подготовка на администрацијата за влез во 2-рата фаза од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација; поддршка за подготовка на преговарачката структура за процесот напреговори; но и поддршка за реформскиот процес на земјава, согласно насоките нотирани во заклучоците на јунските совети на Европската Унија.“ – истакна Османи

„Сето ова говори дека, освен што претставуваат значајна финансиска поддршка, средствата што како Грант ги обезбедува Кралството Норвешка, доаѓаат на вистинското место и за вистинските потреби на државата, поддржувајќи ги со тоа нашите најважен приоритет - успешно да се подготвиме за старт на преговорите во јуни 2019 година”- додаде Османи при што изрази уверување во успешноста и правилната имплементација на овие средства, но и огромна благодарност за поддршка во реализација на проектите до регионалната канцеларијата за проекти на Обединетите нации - УНОПС која ќе биде задолжена за имплементацијата на истите.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: НЕМА МАГИЧНИ АД-ХОК РЕШЕНИЈА ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НАПРОТИВ, САМО СО ДОЛГОРОЧНИ ОДРЖЛИВИ И ПЛАНСКИ АКТИВНОСТИ МОЖЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ РЕЗУЛТАТИ
ВБИФ ѝ одобри на Македонија три инвестициски проекти во вкупен износ од 24 милиони евра
ОСМАНИ: ЕВРЕЈСКАТА ЖРТВА - БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧУВАР НА ХУМАНОСТА, СЛОБОДАТА И СОЛИДАРНОСТА
ОСМАНИ: ВЛАДАТА ГИ ДЕФИНИРАШЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ВО ПЕРИОДОТ ШТО ПРЕТСТОИ
Свечена Академија во Музејот на албанската азбука по повод 22 ноември – денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.