Новости
вторник, 24 јули 2018 11:17
Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања oствари средба со германскиот државен Министер за Европа, Михаел Рот.
Вицепремиерот Османи најнапред изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата „Берлински процес“.
Во продолжение на средбата Османи се осврна на важноста на периодот во кој се наоѓа нашата земја на евроинтегративниот пат, во контекст на неодамнешната одлуката на Европскиот Совет за временска рамката од 12 месеци, или јуни 2019 година, за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Притоа, фокусот е ставен на подготовката за преговори преку скрининг процесот како и продлабочување на реформите и испорачување на конкретни резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација но притоа не запоставувајќи ја ни борбата против организираниот криминал и корупција и сите останати клучни области.