Меѓународна банка за обнова и развој (ИБРД) работи на намалување на сиромаштијата во земјите со среден доход и посиромашните земји со поттикнување одржлив развој преку заеми, гаранции и аналитички услуги;
Меѓународно здружение за развој (ИДА) ги финансира најсиромашните земји со цел намалување на сиромаштијата преку обезбедување бескаматни заеми и грантови според одредени критериуми за прифатливост;
Меѓународна финансиска корпорација (ИФЦ), како најголем мултилатерален извор на заеми и финансирање со акционерски капитал за проекти за приватниот сектор во земјите во развој, го поттикнува одржливиот развој на приватниот сектор, главно преку финансирање проекти, помош за приватните компании да мобилизираат финансиски средства на меѓународниот финансиски пазар и обезбедување техничка помош за деловните активности и за владите;
Мултилатерална агенција за гаранција на инвестициите (МИГА) ги осигурува инвеститорите од политички или од некомерцијални ризици, посредува во спорови помеѓу инвеститорите и владите, им дава совети на владите во врска со привлекување инвестиции и преку Интернет разменува информации во врска со инвестиции;
Меѓународен центар за решавање инвестициски спорови (ИЦСИД) ги решава инвестициските спорови помеѓу странските инвеститори и нивните земји домаќини.